Мировниот план на Доналд Трамп за Газа се соочува со жесток отпор од страна на Хамас, кој го нарекува произраелски и штетен за палестинскиот народ. Висок претставник на групата за Би-Би-Си изјави дека Хамас веројатно нема да се согласи на клучните услови – разоружување, предавање на заложниците и распоредување меѓународни сили, што ги смета за „нова форма на окупација“… Планот, кој беше прифатен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот, предвидува повлекување на израелската војска и пат кон палестинска државност. Но, Нетанјаху речиси веднаш ги негираше тие услови, велејќи дека израелската армија ќе остане во делови од Газа и дека Израел ќе се спротивстави на создавање палестинска држава. Тоа го поткопува кредибилитетот на самиот план и ги зголемува сомнежите на Хамас дека, дури и ако ги предаде заложниците, војната ќе продолжи. Палестинците во Газа, иако свесни дека планот има сериозни недостатоци, го гледаат како можност за крај на крвопролевањето.
ББЦ: Хамас го отфрла мировниот план на Трамп
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
