Книжат долгови, буџети полнат најмногу од градежни дозволи и маркици. За проекти се крстат во помош од централната власт. Во животната средина рециклираат главно странски донации, а опкружени се со жешки еко-точки. Кон граѓаните се свртени, најмногу на гласање. Кој е профилот на една македонска општина? – Сите истражувања на едно место.
Во Топ Тема анализа со: Герман Филков од Центар за граѓански комуникации, Блаже Јосифовски од Go Green и Ѓорѓи Хаџи Василев од Институт за демократија „Сосиетас Цивилис“.
Една просечна општина не е доволно транспарентна, а најмалку половина од општините не ги објавуваат оние податоци кои според закон треба да ги објават, а се однесуваат во делот на трошењето на парите.
„Од овие 800 милиони како општини сите што ги имаат, од нив 190 милиони ги трошат за јавни набавки. Просечно нивниот просек на јавни набавки има помал просек на понудувачи од националниот просек. Општините имаат недоволно кадар за спроведување на набавките, недоволно сертифицирани лица со положен испит кој го бара законот, а да не зборувам дека се локално ориентирани, а законот тоа не го дозволува. Зборувам во смисла на тендери со една понуда, односно се знае кој ќе го добие, па само тој се јавува“, вели Герман Филков од Центар за граѓански комуникации.

Од 30, 40, па и до 50 отсо од набавките одат кон една фирма, односно општината е централно ориентирана. Најчесто фирми кои се долгорочни партнери. Застарени ГУП-ови, а најголем број од ДУП-овите се менуваат по барање на физички лица, а не по одлука на општината со цел да се влијае на подобрување на урабнизмот во општината.
Недостигот на кадри има и во Брзата помош. Во 33 локални единици недостасува медицински персонал, а најаларманта е ситуацијата во Скопје, во Куманово како и во Кичево.
Т.Д.
