На вториот ден од кампањата за Локалните избори, политичките партии и независните кандидати продолжуваат со теренските активности и претставувања пред граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, додека СДСМ своите настапи ги најави во Лозово, Карбинци, Пробиштип и Штип. Коалицијата ВРЕДИ вечерва ќе ја одржи својата Промотивна конвенција во салата „Борис Трајковски“, каде ќе бидат претставени нивните кандидати за градоначалници. Активности имаат и коалицијата НАИ, Движењето ЗНАМ и други помали политички субјекти и независни кандидати. Кампањата трае до 17 октомври, а првиот изборен круг ќе се одржи на 19 октомври… Во трката учествуваат над 10.000 кандидати, вклучувајќи 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети.
