Вести Свет Топ вести

Осудена Кинезинка која украла 6,7 милијарди долари, парите ги перела преку купување криптовалути и недвижности во Велика Британија

Кинеската државјанка, Жимин Ќан, позната и како Џејди Жанг е осудена дека украла 6,7 милијарди долари од 128 илјади луѓе од Кина, а потоа парите успеала да ги испере преку криптовалути и купување недвижности во Велика Британија каде се преселила.

Проневерата вредна над 6 милијарди долари се смета за една од најголемите заплени на криптовалути. Жанг е осудена, а оваа недела самата по седум години се изјасни и за виновна пред Крунскиот суд Саутерк во Лондон  за нелегално стекнување и поседување на криптовалути.

„Со тоа што денес се изјасни за виновна, г-ѓа Жанг се надева дека ќе им донесе утеха на инвеститорите кои чекаат од 2017 година за надомест и ќе ги увери дека значителниот пораст на вредноста на криптовалутите значи дека има повеќе од доволно средства за да ги отплатат нивните загуби“, изјави адвокатот на Ќиан, Роџер Сахота, од адвокатската канцеларија „Беркли Сквер Солиситорс“.

Вкупно 61 илјада биткоини биле запленети од Ќан, информираат тамошните власти. Полицијата дополнително соопшти дека истрагата започнала во 2018 година откако добиле дојава за трансфер на сомнителни средства.

На како што ја опишуваат „Божицата на лажното богатство“ и помагала Џиан Вен, друга кинеска државјанка која работела во ресторан за храна. Таа е осудена на 6 години и осум месеци. Нејзе и заплениле биткоини во вредност од 300 милиони фунти како и два имота во Дубаи во вредност од над  500 илјади фунти.

Кинескиот медиум „Лајфвик“ објави дека во 2024 година инвеститори вложиле „стотици илјади до десетици милиони“ кинески јуани во инвестиции промовирани од Жанг. Некои од жртвите, вклучувајќи бизнисмени, банкарски службеници и членови на судството наводно биле поттикнувани од пријатели и членови на семејства да инвестираат во нејзината шема.

„Биткоинот и другите криптовалути сè повеќе ги користат организираните криминални групи за прикривање и пренос на средства, така што измамниците можат да ги уживаат придобивките од нивното криминално однесување“, рече заменик-главниот обвинител на Робин Вејел.

Жанг останува во притвор се до изрекувањето на официјалната пресуда, која ќе се одржи на 10 ноември како дел од дводневното рочиште.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе