Вести Македонија Најважни

Екс претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска седна во обвинителна клупа

Почна судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска. Обвинителството ќе докажува две дела – дека му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

Одбраната ќе го побива обвинението. Според адвокатот податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена тајна, туку јавно достапни

За делото компјутерски фалсификат, велат дека тестот не бил клучен елемент за добивање на сертификат државна тајна, туку проверките на АНБ.

За таа цел предложиле да сведочат претставници на АНБ и од ДКСК.

  • Очекувам за Татјана Димитровска ослободителна пресуда, тоа е се што можам да кажам во овој момент, бидејќи во меѓувреме доставивме докази, кои целосно го дискредитираат обвинението против неа. Тоа се докажи од Антикорупциска, извештај од 30 јули 2025 година, со ко се потврдува тезата на одбраната дека не е остварено законско битие на кривичното дело одавање на службена тајна, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Димитровска.

Одбраната има право да има своја теорија на случај но обвинителството располага со цврсти докази за да ја докаже вината на обвинетите, велат обвинителите.

При крај е и анализата на податоците екстрахирани од телефонот на Димитровска.

  • Имајќи предвид дека се работи за околу 250.000електронски записи од телефонот на претседателката, меѓутоа сакам да ве известам дека заедно со колегата паралелно додека се врши анализата на податоците од телефонот, обвинителството презема и други дејствија, како прибавување на потребни податоци од сите надлежни институции и сослушување на сведоци по однос на одредени индиции коишто произлегуваат од овие податоци, рече Наташа Поп Трајкова, обвинителка во ОЈО ГОКК

Покрај Димитровска денеска на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Миле Столевски како и обвинетите Борче Најдов , Билјана Петровска Мантева.

Обвинителите бараа овој предмет  да се спои со „Адитив“, адвокатите се противеа, а судиите одлучија постапката да се раздвои само за Борче Најдов.

Еден од адвокатите ја спореше и надлежноста на одделот за организиран криминал, судиите  не прифатија но за ова прашање ќе треба да се произнесе и Апелација.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе