По денешната изјава на Јавен обвинител на ОЈО за ГОКК Наташа Поп Трајкова, по завршувањето на денешното судење на кое е обвинета поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска реагираше бранителот на обвинетата.
Обвинителката соопшти дека обвинителството постапува поради постоење индиции и се сослушуваат сведоци од други институции против обвинетата Димитровска, а во врска со индииции и сомнежи произлезени од анализата и податоците во телефонот на обвинетата.
-Ваквиот однос е недозволен и претставува директно заплашување на обвинетата и повреда на принципот на презумција на невиност кое начело е гаранција против произволност и злоупотреба на државната власт, односно спротивно на ЕУ директивата која забранува јавни изјави од државни органи што можат да сугерираат вина и воедно претставува обид однапред да се наметне осуда на обвинетата во јавноста, реагира адвокатот Владимир Туфегџиќ кок смета дека изјавата на обвинителката е доказ за потребата од реформи во јавното обвинителство.
Екс претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска седна во обвинителна клупа
