Вести Македонија Топ вести

(видео)Селими и Ранѓеловиќ во Топ Тема: Ние сме цело време во кампања

Кампањата за локалните избори во полн ек пред и официјално да почне. Партиите и функционерите ниту предупредени, ниту казнети за тоа.

По такво предизборие на непочитување закони, што може да се очекува во изборната кампања?

Во Топ Тема дебатираат политичките аналитичари Сефер Селими и Иво Ранѓеловиќ.

  • Секое владеење во оваа држава не само власт, туку и опозиција е своевидна кампања. Јас не знам каде почнува и каде завршува кампањата, рече Ранѓеловиќ.

Според него целокупното владеење во оваа држава наликува на кампања на своевиден митинг.

  • За јавноста веќе не е видлива законската граница кога почнува и кога завршува кампањата, смета Ранѓеловиќ и додава дека јавноста дури тоа го прима како нормално.

Политичките партии кои ги претставуваат граѓаните за жал не размислуваат за иднината туку за следните избори и ние сме цело време во кампања, истакна Селими.

Според него секоја одлука донесена од било која влада има реклама и зад тоа стои ПР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети пак не успеа да гласа, одложено гласањето на Закон за правична застапеност

Tea Dimkovska

Овчата сипаница се шири низ истокот – опфатени бачила во четири општини

Tea Dimkovska

Јавен повик, тајни понудувачи, се уште не се открива кои компании се јавиле на повикот за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе