Вести Македонија Топ вести

Вработен во ФЗОМ меѓу обвинетите за измама со брзи кредити

Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци iи Компјутерска измама.

Според обвинението, тие во информатички систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци –  со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување на РСМ. Во ова им помагало и службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување – кој бил задолжен да обезбеди ЕЗБО (единствен здравствен број на осигуреникот).

Со користење на лажни исправи и злоупотреба на лични податоци на оштетени физички лица од финансиските друштва повлекувале брзи кредити на нивно име. На овој начин четворица од нив, во периодот од февруари 2023 година до јуни 2024 година, повлекле  2.509.808 денари, а останатите во текот на 2022 и 2023 година „заработиле“ околу 660.000 денари.

Со истрагата беа опфатени уште 33 лица за кои е  поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело –за  Компјутерска измама.

За четири лица кои беа опфатени со истражната постапка јавниот обвинител донесе решение за запирање на истрагата, од кои за двајца не беа обезбедени докази дека учествувале во оваа измамничка шема, а двајца починаа во меѓувреме.

Во џеб ставиле најмалку 47.000 евра – истрага за измами со брзи кредити

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе