Вести Македонија Топ вести

Полицајците денеска опоменуваат, наредните денови ќе казнуваат – почнаа да важат новите сообраќајни правила

Од утрово започнаа да важат новите сообраќајни правила. Казните се 40 евра за пешаци, а 50 евра за возачите на останатите возила.

Телма денеска направи обиколка на терен да види како се почитуваат новите правила. На булевар „Партизански одреди“ имаше полициска контрола. Сите кои користеа телефон или слушалки добија опомена, но полицајците предупредија дека од следните денови ќе следуваат и парични казни.

Граѓаните кои ги анкетиравме ја поддржуваат мерката и очекуваат дека ќе се намали бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание.

Од МВР велат дека измените се воведени заради поголема безбедност на најранливите учесници во сообраќајот и апелираат сите да ги почитуваат правилата, бидејќи безбедноста на патиштата е заедничка одговорност.

Често на булеварите се случуваат сообраќајки токму на пешачки премини, кога невниманието и брзината завршуваат трагично. Таков беше и случајот со 22-годишната Фросина Кулакова, која на почетокот на оваа година беше прегазена пред „Силбо“ од возило што се движело со над 130 километри на час. Новите измени во законот треба да помогнат ваквите трагедии да се избегнат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети пак не успеа да гласа, одложено гласањето на Закон за правична застапеност

Tea Dimkovska

Овчата сипаница се шири низ истокот – опфатени бачила во четири општини

Tea Dimkovska

Јавен повик, тајни понудувачи, се уште не се открива кои компании се јавиле на повикот за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе