Вести Македонија Топ вести

Дескоска: Блиските на Росица имаат право да ја тужат државата за нејзината смрт

Професорката Рената Дескоска во објава на Фејсбук вели дека семејството на трагично убиената Росица од Велес има право да ја тужи државата заради неисполнување на обврските за заштита на жртвите од насилство.

  • „Не смее случајот во Велес да се затвори само затоа што убиецот е мртов,“ напиша Дескоска, нагласувајќи дека е потребна целосна истрага за да се утврди институционалната одговорност.

Таа предупреди дека државата не смее да се правда со „дупки во законите“, туку мора проактивно да делува во заштита на жртвите.

Дескоска додаде дека најблиските на Росица имаат легално и морално право да бараат надомест на штета за прекршување на домашните закони и Европската конвенција за човекови права, доколку се утврди институционален пропуст.

Росица била меѓу петте малтретирани девојки на Илија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе