Вести

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Уапсен е 49-годишен маж од Скопје кој се бараше со потерница за издржување на затворска казна од една и пол година, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во во Скопје го лишија од слобода С.А. (49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично дело по член 235 ст.1 од КЗ“, се наведува во соопштението на МВР.

Од МВР посочуваат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе