Вести Македонија Топ вести

Росица била меѓу петте малтретирани девојки на Илија

Убиецот на Росица од Велес бил пријавуван во скопските полициски станици уште пред 12 години. Хелсиншкиот Комитет за Телма потврди дека имаат информации за четири други девојки кои од 2013 година наваму го пријавувале истиот човек дека по завршувањето на врската продолжил да ги малтретира, да ги следи, да им се јавува или да пишува навредливи пораки за нив и нивните блиски на јавни површини.

Една од девојките за „Слободен печат“ раскажала и дел од тортурата што ја преживувала со Илија со кого била во врска околу една и пол година во периодот 2013-2014 година. Девојката споделила дека не можела да се ослободи од него, а тој се заканувал дека ќе се убие ако не му се врати. Во една прилика ѝ го одзел мобилниот телефон, па праќал пораки во нејзино име, а дури се заканил и дека ќе ја убие сестра ѝ.

„Јас тие закани по живот ги пријавив во полиција. Го исконтактираа од таму и ми го врати телефонот. Во тие неколку часа тој се претставил со мое име и праќал мејлови за да ми го уништи професионалниот развој“, раскажува девојката за „Слободен печат“.

Адвокатот Јанаки Митровски забележува најмалку три клучни работи кои доведуваат до фемициди во Македонија. Една од нив, според него, е потребата од законски измени со кои насилникот би бил приведен поради опасноста да го повтори дејството.

Митровски смета дека голем проблем е и недостатокот на судии и помошен кадар поради што се одолговлекуваат судските предмети, а како посебна рана на целиот систем ја посочи партизацијата на институциите поради што се намалени надзорот и одговорноста.

Инаку статистиките на фемицид во државата се растечки и загрижувачки. Иако официјални податоци не постојат, околу триесетина убиства од интимни партнери во последниве шест години влегуваат во категоријата фемициди. Последните три години имаше убиство на жена во Шуто Оризари во Скопје, во Штип, а во јавноста одекна и свирепото убиство во Кочани, кога маж со околу 40 убоди од нож ја усмрти поранешната партнерка пред нејзиниот дом.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Собранието избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Kristina Kuzmanovski

СЗО: Европа да го заштити населението од екстремните горештини

Kristina Kuzmanovski

Денеска стратува Светското првенство во фудбал

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе