Вести Македонија Најважни

Пулмолози ќе прават скриниг на населението во Трубарево, најави Алиу – Филипче бара оставки

Ден по резултати дека во Трубарево за време на пожарот измерени се речиси 12 пати повисоки концентрации на кадмиу во воздухот но и зголемени вредности на олово и арсен, министерот за здравство најави дека пулмолози на терен  ќе прават скриниг на наслението што живее таму.  Други чекори не соопшти но вели анализи се прават и во рамки на кризниот штаб во кој има претставници од повеќе ресори

– Имаме уште една работна група, ние ќе одиме физички на терен со доктори пулмолози со кои ќе правиме скриниг на населението што живее таму. Знаете дека истиот ден беа преселени семејства што живеат во радиус под 500 м од пожарот.  Во оваа фаза работиме со сите семејства кои одлучија да не се преселат од таму за да ја видиме здравствената слика и потребите од здравствена гледна точка за имплемнтација,  изјави министерот за здравство Алиу.

Алиу е еден од тројцата функционерите од кои лидерот на СДСМ бара оставки, Другите двајца се министерот за внатрешни Тошковски и  директорот на ЦУК Ангелов. Филипче го повика и   обвинителството итно да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето

-Власта  лажеше за Трубарево и степенот на загадување , лажеше дека не е загаден воздухот, задоцни со реакција и не направи евакуација на граѓаните . Со тие лаги е директно одговорна за труењето на лугето и околната. Макеоднија се нема соочено со понеодгворна и кукавичка власт, која наместо храбро да се соочи со секоја криза, се обидува да го спасува рејтингот и да ја минимизира состојбата на терен, изјави Филипче, претседател на СДСМ

За разлика од минатото денес институциите реагираат одговорно, а истрагата ќе покаже како дошло до пожарот во Трубарево,  одговорија од ВМРО ДПМНЕ

-Филипче наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време како министер здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема, за пожарот во модуларната болница.Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО ДПМНЕ

Обвинителството отвори истрага за  „Загрозување на животната средина и природа со отпад“ со која се опфатени фирмата „Ф групација“ и  4 ца осомничени мегу кои  Марјанчо Дамевски сопственик на компаниите „Нула отпад“ и „Ле Ман“ и  неговата ќерка.

Според обвинителството, таткото и ќерка, постапиле спротивно на Законот за управување со отпад. Складирале опасен отпад и со тоа предизвикале значително оштетување на  квалитетот на почвата и  воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.

Црниот чад надвисна над Скопје минатата сабота кога се запали фабриката „Ф-групација“ во Трубарево каде што имаше складирано електронски и електричен отпад,

Од Министерството за животна средина вчера информираа дека по пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за ПМ 10, олово, кадмиум и арсен, беа измерени високи концентрации на честички и тешки метали, но дека тековните мерења покажуваат дека состојбата на воздухот е стабилизирана и во рамките на дозволените граници.  Се чекаат резултатите и од лабораторијата Амбикон од Штипскиот факултет .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе