Вести Свет

Чарли Кирк, верен поддржувач на Доналд Трамп, застрелан во студентскиот камп на Универзитетот Јута

Чарли Кирк, еден од највлијателните американски конзервативни активисти и водител на подкаст и радио ток-шоу со милиони следбеници, бил застрелан со еден истрел од огнено оружје во текот на својот настап на Универзитетот Јута, во истоимената американска сојузна држава.

Според универзитетот каде требало да зборува Кирк, тој бил погоден од само еден куршум а лицето кое пукало кон него веќе е во полициски притвор.

Серија пораки како знак на поддршка на Кирк објавија американските конзервативци, вклучувајќи го и Доналд Трамп, кој ги повика своите следбеници на социјалната мрежа Трут Сошал да се молат за Чарли Кирк, нарекувајќи го одличен млад човек.

Кирк, еден од најжестоките поддржувачи на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, е најдобро познат како основач на непрофитната организација „Момент на пресврт САД“, која се обидува да ги шири конзервативните идеи до студентите на американските студентски кампови.

Тој има 5,2 милиони следбеници на Твитер и над 7,3 милиони следбеници на Тик Ток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе