Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер е регистриран во текот на ноќта во регионот Хинду Куш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар североисточно од градот Џалалабад.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
По овој земјотрес бил регистриран уште еден со јачина од 4,8 степени по Рихтер. Епицентарот и на овој потрес бил на 42 километри североисточно од градот Џалалабад и исто атка бил на длабочина од 10 километри.
Претходно синоќа земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер го погоди Југоисточен Авганистан, по серијата земјотреси што претходно неделава ја погодија централноазиската земја, при што загинаа повеќе од 2 200 луѓе, повеќе од 3 600 беа повредени, a десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.
