Вести Свет

Германија за 4 месеци спречила 12.000 нелегални преминувања на границата

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека засилените гранични контроли ја ограничиле нелегалната миграција откако новата влада стапи на должност во мај.

Од 8 мај досега спречивме 12.000 нелегални преминувања, рече Добринт за јавната телевизија АРД, додавајќи дека меѓу нив има околу 660 лица кои барале азил.

Германија на 8 мај ги засили претходните повремени проверки на своите надворешни граници по наредба на Добринт, кратко време по преземањето на власта од новата коалиција предводена од конзервативците.

Министерот, исто така, нареди барањата за азил да се одбиваат директно на границата – политика што останува правно контроверзна.

На прашање дали владата ќе постави горна граница за миграцијата, Добринт одби да наведе бројка. Тој нагласи дека Германија се соочува со ограничувања во поглед на интеграцијата по деценија на зголемен притисок и дека е потребна корекција на курсот за да се стави крај на „преоптовареноста“ на државата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе