Балкан Вести Свет Топ вести

Деканот срамно избра да биде инструмент на режимот – протести на Филозофскиот факултет во Нови Сад

Нов протест пред Филозофскиот факултет во Нови Сад се одржа во четврток навечер. Студенти, професори и граѓани стоеја пред зградата, чиј влез беше обезбедуван од кордон на Интервентната единица на полицијата, која не дозволуваше никому да влезе. Како и претходните денови, во зградата се наоѓаа деканот, полицијата и неколку „одбрани“ вработени.

Наставници, истражувачи и соработници од Филозофскиот факултет во Белград го осудија однесувањето на деканот Алановиќ и употребата на сила од страна на полицијата врз студенти, професори и граѓани. Тие истакнаа дека случувањата претставуваат ескалација на општествената криза и побараа распишување избори согласно со барањата на студентите.

„Деканот срамно избра да биде инструмент на режимот, наместо да најде решение за организација на испитниот рок во договор со студентите и наставниците, почитувајќи ја автономијата на Универзитетот“, се наведува во соопштението испратено од наставниците, истражувачите и соработниците на Филозофскиот факултет во Белград.

Студентите претходно повикаа на протест под паролата „Нови Саде, Филозофски те вика“. Протестот започна во 19 часот, а деканот Миливоје Алановиќ веќе трет ден престојува во зградата заедно со неколку селективно повикани вработени.

Професорите побараа деканот веднаш да поднесе неопозлива оставка и ги повикаа сите декани на високообразовни институции во Србија да застанат во одбрана на автономијата и основните вредности на академската заедница.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека бројот на демонстранти се намалува, бидејќи „луѓето се соочуваат со реалноста“ и додаде дека е подготвен за дијалог „дори и со насилниците“.

Извор на фотографија: N1/Sanja Kosović

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе