Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Информацијата ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош, пренесува МИА.
„Точно е. Имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот“, појасни докторот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
