Вести Свет Топ вести

Вооружени војници на Националната гарда на улиците во Вашингтон

Вооружени војници на Националната гарда патролираат низ Вашингтон по наредба на претседателот Доналд Трамп.

Министерството за одбрана соопшти дека некои единици на одредени мисии ќе бидат вооружени – некои со пиштоли, а други со пушки. Портпаролот на министерството за одбрана дополнително објасни дека сите војници кои ќе се движат со огнено оружје се обучени и работат според строги правила за употреба на сила.

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги прошири своите воени распоредувања во повеќе градови предводени од демократите, одговарајќи на понудата од гувернерот на Мериленд да му се придружи на турнејата низ Балтимор, велејќи дека наместо тоа можеби ќе „испрати трупи“.

Неговото најново ветување за зголемување на присуството на војската во „левичарските“ градови дојде откаконекои единици на Националната гарда во главниот град на земјата почнаа да носат оружје во текот на викендот, исполнувајќи ја директивата издадена во петокот од министерот за одбрана Пит Хегсет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе