Американскиот потпретседател Џej Ди Венс изјави дека Русија направила „значајни отстапки“ за првпат по повеќе од три години од почетокот на војната во Украина.
„Всушност, тие беа спремни да бидат флексибилни во однос на некои од нивните основни барања“ рече Венс.
Венс рече дека иако војната не е завршена, САД се вклучени во дипломатскиот процес со цел Русија и со Украина да најдат заеднички јазик да се запре убивањето.
Според Венс, претседателот Трамп спроведува „многу агресивна и енергична дипломатија“ поради тоа што војната не е во ничиј интерес.
„Не е во интерес ниту на Европа ниту на САД. Не мислиме дека е во интерес ниту на Русија, а ниту на Украина. Затоа ќе продолжиме да се залагаме за дипломатско решение“ изјави Венс.
