Вести Свет Топ вести

Украина да биде неутрална, да не членува во ниту еден воен блок и да биде ненуклеарна – Лавров за дел од руските услови за крај на војната

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изнесе клучните услови на Москва за крај на војната во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да ја гарантираат група на држави која би ги вклучувала постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите Нации (ОН), пишува „Ројтерс“.

Во интервју за американски „Ен-Би-Си њуз“, шефот на руската дипломатија откри дека за безбедносните гаранции разговарале претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, пришто Путин потсетил на пропаднатите преговори во Истанбул во 2022 година.

На тие преговори, според нацрт договорот во кој „Ројтерс“ имал увид, се разговарало за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции на петте постојани членки на ОН – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД, со учество и на други држави меѓу кои би можеле да бидат Германија и Турција.

Според Лавров, моделот е јасен.

„Гарантите би гарантирале за безбедноста на Украина која мора да биде неутрална, да не членува во ниту еден воен блок и која мора да биде ненуклеарна“, рече тој, според транскриптот што го објави руското МНР.

Со ова тој нагласи дека членствотона Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва и натаму бара заштита за руското говорно подрачје во Украина и оти е потребно да се водат и територијални расправи.

Овие услови се во рамки на извештаите од минатото, според кои Путин бара Украина да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбиции за членство во НАТО, да остане неутрална и да не дозволи присуство на западни сили на нејзина територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе