Вести Најважни Свет

Калас: Предложените територијални отстапки во Украина се „стапица“ на Путин во која не сакаме да паднеме

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас предупреди дека предложените територијални отстапки се „стапица на Путин за Западот“. Таа е против таквиот предлог и нагласи дека Киев не треба да биде под притисок да се откаже од територии, како дел од мировниот договор со Москва.

Во интервју за „Би-Би-Си“, нејзино прво по учеството на дел од европските лидери на неодамнешниот состанок со претседателите на САД и на Украина, таа призна дека во Вашингтон имало малку „конкретни чекори“ за одвраќање.

„Најсилната гаранција за безбедноста е силна украинска армија“, рече Калас, нагласувајќи ја важноста од воспоставување на безбедносни гаранции за Украина кои „не се само на хартија“.

Калас, исто така, нагласи дека на земјите-членки на „Коалицијата на подготвените“ е да утврдат што точно можат да придонесат за мирот во Украина, но дека сè уште не е јасно во каков капацитет ќе дејствуваат овие сили. Додаде дека Путин добил „сè што сакал“ на средбата со Трамп на Алјаска на 15 август и дека тоа ќе влијае на неговиот интерес за преговори за мировен договор.

„Тој беше добро примен и не сакаше санкции, што и го постигна. Русија не сака мир. Путин само се смее, не запира, туку ги зголемува убиствата. Забораваме дека Русија не направила ниту една отстапка“, рече Калас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе