Вести Свет Топ вести

Венс: Европа мора да го понесе „лавовскиот“ дел од товарот за безбедносните гаранции за Украина

Американскиот потпретседател, Џеј ди Венс изјави дека европските земји ќе мора да го понесат „лавовскиот дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина.

„Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно тоа го очекува, Европа да одигра водечка улога“, рече Венс во програмата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз.

„Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, додаде американскиот потпретседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе