Вести Свет Топ вести

Од тепачка до убиство со нож во средно училиште во Феникс

Од тепачка до убиство со нож во во средното училиште Меривејл во Феникс. Двајца ученици се степале, едниот од нив бил прободен со нож, додека другиот е хоспитализиран ѝ е во тешка состојба.

Командантот на полицијата, Дејвид Сафлар, изјави дека инцидентот започнал со тепачка меѓу двајца ученици кој понатаму ескалирал. Персоналот на училиштето веднаш го известил службеникот за безбедност, кој притворил едно лице. Полицијата е на терен, а засега не се бараат други осомничени.

Надзорничката на Феникс Јунион, Теа Андраде, рече дека е неверојатно вакво нешто да се случи во училиште како што е Меривејл, додека пак градоначалничката додаде дека напорно се работи со цел да се обезбедат училиштата и средината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе