Австралискиот премиер Ентони Албанезе во средата ги отфрли обвинувањата од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој го нарече „слаб политичар кој го предал Израел“ со признавањето на палестинската држава.
„Историјата ќе го памети Албанезе за она што е слаб политичар кој го предаде Израел и ги напушти австралиските Евреи“ објави Нетанјаху на социјалните мрежи.
Невообичаената јавна критика на Нетанјаху дојде откако Албанезе минатата недела објави дека одлуката на неговата влада да ја признае палестинска држава ќе биде формализирана на Генералното собрание на Обединетите нации во септември.
Албанезе на ваквите јавни критики изјави дека неговиот однос кон лидерите на другите земји е со почит и дека со нив разговара и се однесува на дипломатски начин.
Министерот за внатрешни работи на Австралија, Тони Бурк, во радио интервју го бранеше Албанезе, велејќи дека „Силата не се мери со колку луѓе можете да разнесете или колку деца можете да оставите гладни. Силата многу подобро се мери со точното она што го направи премиерот Ентони Албанезе.“
