Вести Најважни Свет

“Договор нема додека не се склучи договор” – Трамп за самитот со Путин во Аљаска каде се расправаше за судбината на војната во Украина

Од средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин излегоа малку информации за тричасовните разговори. Констатацијата на Трамп беше дека нема постигнат договор за војната во Украина иако тој смета дека е направен напредок и покрај тоа што на средбата немаше претставник на Украина.

„Имавме исклучително продуктивен состанок и се согласивме за многу точки. Остануваат многу малку спорни. Некои не се толку важни. Една можеби е најважна, но имаме многу добри шанси да ја постигнеме нашата цел. Сè уште не сме на целта, но имаме многу добри шанси. Нема договор додека  не се постигне договор.“, рече претседателот на САД Трамп.

По средбата немаше прес конференција туку двајцата дадоа изјави без новинарски прашања. Трамп не ги повтори своите ставови дека ќе има одговор и санкции доколку продолжат нападите врз Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин кој доби црвен тепих за добредојде на американска почва по три и пол години изолација во западниот свет повеќе време зборуваше за руската историја на американската држава Аљаска каде се одржа самитот, а Украина само  кратко ја спомна.

Путин му се заблагодари на Трамп за неговите напори за решавање на конфликтот, зборуваше за договори што би можеле да послужат како почетна точка за решение, но не даде детали. Според Путин за решавање потребно е да се отстранат причините за судирите.

Војната почна со рускиот напад и агресија врз територијата на Украина во февруари 2022-ра. Иако новинарите имаа многу прашања за најавената прес конференција, двајцата претседатели на крајот на обраќањата се поздравија и си заминаа.

Со план за нова средба за која Путин кажа дека можеби ќе биде во Москва. Двајцата одлетаа од Аљаска, без Трамп да има можност да соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе