Само моменти пред почетокот на самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во американската воена база Елмендорф Ричардсон во Енкориџ на Алјаска, светот се надева дека ќе добие одговор на прашањето дали ќе биде постигнат некаков напредок за завршување на војната во Украина.
Одржувајќи краток брифинг со новинарите на ЕрФорс 1 на пат кон Енкориџ рече дека нема да биде среќен ако не се договори примирје, иако неговата главна цел е да запре убивањето. Уште еднаш потсети дека Русија се соочува со сериозни санкции доколку не се согласи на примирје, во исто време посочувајќи на економскиот поттик за Москва да ја запре војната.
Взаемната почит е на добро ниво и кај двете страни. Мислам дека нешто мора да се добие од ова. Забележав дека со него патуваат многу бизнисмени од Русија, и тоа е во ред. Ми се допаѓа тоа што сакаат да зборуваат за бизнис, но тоа нема да се случи се додека не заврши војната, рече трамп пред почетокот на самитот.
За разлика од Трамп кој често го менува ставот околу преговорите за мир во Украина, руската страна е конзистентна од самиот почеток. Трите рунди преговори во Истанбул и петте средни на Виткоф со Путин во Москва не ги постигнаа очекуваните резултати, фрустрирајќи го Трамп, Кремљ продолжува да го одолговлекува процесот поврзувајќи го со нормализирање на односите со Вашингтон.
Иако прашањето за украинската спогодба е на врвот на листата недоразбирања во нашите билатерални односи, постојат можни проекти за економска соработка, тоа се аспекти од украинската спогодба, тоа се регионални и меѓународни прашања, тоа е огромна количина материјал кој претседателот секогаш внимателно ги чита и проучува, изјави портпаролот на рускиот претеседател.
Но на масата во Енкориџ недостасува човек кој е најзаинтересиран за дискусијата која ќе се води таму. Зеленски кој остана во Киев порача дека има доверба во Трамп и уште еднаш ја нагласи украинската подготвеност и конструктивност во овој процес.
Временската разлика со Алјаска е 11 часа, што значи дека утрешниот ден же започне рано за сите во Европа. Се подготвуваме за разговорите. Русија мора да ја запре војната која ја започна и ја развлекува веќе со години. Убивањето мора да престане. Во најмала рака, Украина, САД и Русија мора да се сретнат во овој формат за да се донесат ефективни одлуки. Потребни се безбедносни гаранции, потребен е траен мир. На сите им се познати клучните цели, порача зеленски.
Независно од тврдењето на Трамп дека неговото вклучување во овој процес нема никаква врска со Европа и дека не преговара во име на Украина, денешниот самит со Путин има потенцијал да ја одреди не само траекторијата на конфликтот во Украина, туку и иднината на европската безбедност.
