Итна седница закажа за утре претседателот на Собранието Африм Гаши за Измени на Изборниот законик, со кои координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски предлага независните кандидати место со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една Изборна единица, да можат за избори да се кандидираат со 0,95 % од вкупнозапишаните во една Изборна единица.
„Кога подносител на листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 отсто потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје“,
се наведува во членот 60б во предлог-законот што од доцна попладнево може да се најде на веб-страницата на Собранието.
Претходно, прагот на потребните потписи за учество на изборите беше 1.000 потписи од запишаните избирачи.
