Вести Свет Топ вести

(живо) Протестите во Србија продолжуваат, власта апси демонстранти- ЕУ повикува на деескалација на тензиите и слобода на известувањето

Студентите во блокадата ги повикаа и вечерва граѓаните да излезат на улиците на градовите низ Србија. Како што јавуваат српските медиуми протести се закажани во Белград и тоа на три локации, во Нови Сад, во Крагуевац, во Горњи Милановац, Ваљево, Смедерево и во повеќе од 20 градови и општини во Србија.

Во Белград пред Генералштабот веќе се собраа голем број граѓани кои со свирежи го искажуваат својот револт против актуелната власт. Во исто време и полициските сили со своите возила се се побројни.

Антивладините протести во Србија станаа насилни синоќа, кога поддржувачите на претседателот Александар Вучиќ се судрија со демонстрантите, кои бараат промена на режимот од ноември.

Протестите ги обележа една невидена сцена – припадник на српските вооружени сили извади пиштол и пукаше во воздух.

Министерот Ивица Дачиќ рече дека станува збор за наредник-мајор на српските вооружени сили, „кој бил на службена мисија да обезбеди заштитено лице“. Без да наведе за кое заштитено лице станува збор.

Додека пак студенти во блокадата се на ставот дека владата сакала да предизвика граѓанска војна.

Во текот на денот во неколку градови во Србија се апсеа учесници на протестите, за кои беше консултиран и обвинител, кој за возрасните лица предлага притвор до 48 часа, а за малетниците кривична пријава во редовна постапка.

Според официјалните бројки повеќе од 80 граѓани се повредени, како и 27 полицајци.

ЕУ во соопштение потсети на важноста на слободата на медиумите и слободата на изразување. Брисел внимателно ја следи ситуацијата.

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, на платформата X, изрази својата длабока загриженост за извештаите за насилство за време на синоќешните протести во Србија.

„Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување или напади“, напиша Кос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе