Договорен е распоредот на преговори меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп, односно Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Ушаков рече дека средбата на Алјаска ќе биде насамо, со преведувачи, за време на која ќе се разговара за „чувствителни прашања“.
Централна тема на разговорите ќе биде решавање на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за соработка во областите трговија и економија, додаде Ушаков.
Состанокот меѓу Трамп и Путин ќе започне во 11:30 часот по локал но време (21:30 по македонско), а времетраењето ќе зависи од текот на разговорите. По завршување на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција за новинари. Скај њуз пренесува дека двајцата лидери ќе имаат заеднички појадок и состанок и во поширок состав со делегациите.
