Литванија ќе обучува деца да прават дронови и да ги управуваат во рамки на напорите на земјата да ги засили сопствените капацитети за соочување со било каква закана од Русија во иднина. Владата планира да обучи 22.000 луѓе во рамки на проектот, пишува „Гардијан“.
Во заедничката изјава на министерствата за одбрана и за образование се наведува дека литванската влада сака да обучи повеќе од 22.000 луѓе со вештини за управување на дронови, како дел од обидите за „проширување на обуката за цивилен отпор“. Програмата ќе биде прилагодена за различни возрасни групи.
Учениците во трето и во четврто одделение, на возраст од 8 до 10 години, ќе учат да составуваат и управуваат едноставни дронови, додека средношколците ќе дизајнираат и ќе произведуваат делови и ќе учат да управуваат со напредни модели.
