Судот во БиХ донесе решение според кое изречената затворска казна за претседателот на Република Српска, Милорад Додик се преиначува во парична.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик, за замена на изречената казна затвор со парична казна, судот, во рамки на законските прописи, донесе решение со кое по изјаснување на Обвинителството на БиХ е усвоен наведениот предлог на одбраната, и на Милорад Додик, изречената казна затвор се заменува со парична казна“, соопштија од судот.
Апелациониот совет на судот на БиХ на почетокот на август ја потврди првостепената пресуда со која на претседателот на Република Српска му е изречена едногодишна казна затвор и мерка забрана за политички активности во траење од шест години.
