Средбата меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп, односно Владимир Путин, ќе се одржи во Енкориџ на Аљаска на 15 август (петок), објави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.
„Во петок наутро, претседателот Трамп ќе патува преку земјата до Енкориџ на Аљаска на билатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин“, соопшти Ливит во преносот на пресконференцијата која се емитуваше во живо на Јутјуб каналот на Белата куќа.
Според неа, состанокот меѓу лидерите на двете земји е за што подобро разбирање на ставот на Русија за прашањето за решавање на војната во Украина. Ливот потсети оти Трамп се надева на организација и на трилатерален состанок меѓу него, Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
