Вести Свет Топ вести

Албанезе: Нетанјаху продолжува да ја негира хуманитарната криза во Газа

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска, еден ден откако објави дека Австралија ќе ја признае Палестина, изјави дека неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху продолжува да ја негира хуманитарната криза во Газа.

Австралија ќе ја признае Палестина следниот месец на Генералното собрание на Обединетите нации, зголемувајќи го меѓународниот притисок врз Израел, со оглед на тоа што Франција, Канада и Обединетото Кралство исто така најавија признавање.

-Неподготвеноста на израелската влада да ги послуша своите сојузници придонесе за одлуката на Австралија да признае палестинска држава, рече Албанезе. Во интервју за државниот радиодифузер Еј-Би-Си, тој го раскажа телефонскиот повик што го имал со Нетанјаху.

-Тој негира сè што се случува таму на невини луѓе, рече тој.

Одлуката на Австралија да ја признае Палестина е условена од ветување од Палестинската власт дека исламистичката милитантна група Хамас нема да биде вклучена во управувањето со идната држава.

Јавното мислење во Австралија се смени во корист на Палестина по зголемените извештаи за глад и неухранетост кај населението, а особено откако Израел објави планови за преземање целосна воена контрола врз Газа. Десетици илјади демонстранти овој месец побараа итна испорака на хуманитарна помош во Газа.

По Франција, Велика Британија и Канада, сега и Австралија најави дека ќе признае палестинска држава

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе