Вести Свет Топ вести

(Видео) Опериран и приклучен на респиратор – српскиот министер, кој утрово доживеа мозочен удар во ТВ емисија во живо, во тешка состојба

Операцијата заврши, поставен е на респиратор на интензивна нега на Клиничкиот центар Србија во Белград, изјави министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар. Ова е последната информација за српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ кој утрово доживеа мозочен удар за време на гостување во утринската програма на ТВ Пинк.

Глишиќ е во тешка состојба и му претстои сериозна борба, додаде Лончар. Според него, операцијата била комплицирана и комплексна и оти траела подолго од вообичаеното, бидејќи, како што рече, биле оштетени два крвни сада.

„Еден голем крвен сад беше целосно запушен, а другиот не само што бил запушен, туку и крварел. Лекарите успеале да ги решат проблемите со двата во кои сега има проток на крв“, изјави Лончар.

Порака со поддршка за Глишиќ испрати српскиот претседател Александар Вучиќ кој на Инстаграм напиша „Даре држи се! Нема предавање“.

Дарко Глишиќ е роден на 28 мај во 1973 година во Уб.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе