Во продавници во Германија, за да купите кафе, продавачот треба да ја отвори полицата која е заштитена со стаклен излог под клуч.
Кафето е се поскапо поради растот на берзанските цени на производот и веќе стана барана стока за крадците во маркети кои го „чуваат“ како алкохолните пијалоци.
-Кутиите со инстант кафе се многу „популарни“. Имавме голем инцидент со тегли кафе во зрно, цела полица беше испразнета, вели продавачка во маркет во Германија.
За една година кафето поскапе за 12%, а за кражби се злоупотребуваат и „self- service“ касите.
Се крадат и многу други работи, па проценката е дека во ткнр. shoplifting по германските маркети годишно се крадат производи вредни над 3 милијарди евра.
View this post on Instagram
