Злоупотребата на боледувањата во јавниот сектор расте, особено во клучни области како полицијата, царината и здравството. Колективните договори овозможуваат надомест и до 100% од платата, па боледувањето често се користи за избегнување на обврски. Иако има контроли, капацитетот на институциите е ограничен, а надоместоците ги охрабруваат овие практики.
Но, прашањето останува: Дали работната етика во јавниот сектор одамна е на „боледување“?
Дали злоупотребата на боледувањата во јавниот сектор го намалува квалитетот на услугите и ја оптоварува државната каса?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
