Балкан Вести Свет Топ вести

Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал

Вкупно 2.799 кривични пријави се поднесени во Србија лани поради злоупотреби во економијата. Тоа е 3,8 проценти од сите поднесени кривични пријави во државата. Во исто време, имало значително помалку обвинети криминалци – 851, објави Форбс Србија.

Најмногу осомничени има во Белград – 991. Извештајот на Републичкиот завод за статистика на Србија открива дека имало 772 во Војводина, 710 во Шумадија и Западна Србија, а 326 во Јужна и Источна Србија, пренесе МИА.

Статистичарите појаснуваат дека сметаат дека „пријавено лице“ е возрасен сторител на кривично дело против кого кривичната пријава и претходните постапки се завршени со одлука дека: жалбата е отфрлена, истрагата е прекината, истрагата е суспендирана или е поднесено обвинение – предлог за обвинение.
Судејќи според откриените и пријавените дела, 1.439 лица се пријавени за фалсификување и злоупотреба на картички, најмногу во Белград.

До надлежните се добиени и 336 пријави за избегнување данок. Јужна и Источна Србија доминираат во ова кривично дело. Секое трето е поднесено таму додека потрошувачите, исто така, треба да внимаваат на неовластени купувања – 222 лица се осомничени за тоа кривично дело. И речиси секое второ доаѓа од Војводина (100 пријави), наведува медиумот.

За злоупотреба на положбата на одговорно лице има 200 случаи, а за проневера – 118 осомничени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе