Вести Македонија Најважни

Четири активни пожари, изгаснати 27

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци, во село Николиќ, општина Дојран, во општина Демир Хисар, кај градската депонија и во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.

По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово, а два во општина Липково. Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман…

Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација, во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел – населба Визбегово. Во општина Ѓорче Петров се изгаснати два пожара, на влезот во населбата Ѓорче Петров и на улица „Васил Чакаларов, во општина Илинден, кај индустриската зона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе