Вести Македонија Најважни

Активни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, а набргу ќе пристигнат и две возила на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хермелин, изјави денеска Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи .Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, пак Стојанче Ангелов, попладнево информира дека автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци.

Се уште активен е пожарот во село Нивичино, општина Василево, каде гори нискостебелеста шума. Активен пожар има и во село Грешница, општина Македонски Брод, кој зафатил мешана шума и ниска вегетација. Во општина Прилеп активен е пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и ниска вегетација.

– Добивме информација дека во општина Сарај има пожар до обиколница, каде гори сува трева. Поради силен ветер, пожарот во Велес меѓу селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци повторно е активиран со краци во неколку правци, рече Вчкова.

Под контрола се ставени пожарите во село Николиќ во општина Дојран, пожарите во општина Демир Хисар, во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде постои, како што рече, внатрешно минимално догорување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе