Вести Македонија

Предметот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ се пресели од Кочани во Скопје

Предметот за трагедијата во дискотеката Пулс се пресели од Кочани во Скопје. Откако прво случајот од Кочанскиот суд беше префрлен во Скопскиот кривичен со одлука на Врховниот суд, сега со решение на Јавното обвинителство, надлежност во обвинителското постапување ќе има ОЈО Скопје. Обвинението се уште не е оценето, откако сите адвокати и обвинетите ќе го добијат имаат право на приговор, велат од кривичен.

„Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но укажува дека должност е да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови предвидени во Законот за кривичната постапка, се со цел да не се случат пропусти кои во иднина може да ја компромитираат целосната судска постапка, односно правдата мора да биде брза, но не избрзана“ велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Двајцата обвинители кои беа дел од тимот, а кои денеска дадоа свечени изјави за нови јавни обвинители објаснуваат зошто се одлучиле обвинетите да бидат гонети и обвинети за кривично дело загрозување на општата сигурност, а не и за корупција..

„Тврдиме со обвинение дека има нарушување на безбедносните правила, значи правната оценка мора да се движи и да се согледува преку кривичното дело за коешто поднесовне обвинение. Кривичните дела против службена должност имаат сосема друг објект  на заштита, таму не се бави со заштита на човековиот живот. Прекршувањето нема санкција поврзана со загуба на човечки живот“ изјави Дарко Јакимовски, виш обвинител.

„Погледнете ја последицата во конкретниот случај, се ќе ви стане јасно. Значи имаме толку многу повредени лица, толку многу починати за жал, такашто сметам дека во големата слика треба да ја видиме и онаа траорна последица во која општеството е целосно зафатено“ додава Владимир Милошески, виш обвинител.

Денеска судот извести дека газдата на дискотеката „Пулс“  Дејан Јованов и уште 3 лица остануваат во ефективен притвор, а на единаесетмина им се продолжува домашниот притвор. Во кочанската трагедија загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Симона Петровска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе