Вести Македонија Најважни

Отворен патот од Миладиновци до клучка Бунарџик

Министерството за внатрешни работи информира дека автопатската делница од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик повторно е пуштена за сообраќај во двата правца, откако вчера попладнето беше привремено затворена поради пожар во непосредна близина… Сообраќајот беше прекинат од безбедносни причини, со цел да се овозможи непречена интервенција на противпожарните екипи и да се заштитат граѓаните од можни ризици… Благодарение на брзата реакција на службите, пожарот е локализиран, а условите на патот се стабилизирани… Од МВР апелираат возачите да бидат внимателни и да ги следат информациите за состојбата на патиштата, особено во летниот период кога ризикот од пожари е зголемен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе