Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во моментот се активни три пожари на отворен простор, еден е ставен под контрола, а 17 се изгаснати.
Активни пожари има во општините Велес, Македонски Брод, Василево, при што се опфатени шуми, грмушки и земјоделски површини. Најсериозна е состојбата кај селата Џидимирци и Иванковци во Велешко, каде што пожарот зафаќа мешана шума на тежок терен.
Во меѓувреме, под контрола е ставен пожарот кај село Николиќ во Дојран, а целосно изгаснати се шест пожари во општини како Чучер Сандево, во Гостивар, во Тетово, во Охрид, во Куманово и оној над Битола што избувна синоќа. ЦУК апелира до граѓаните да не палат огнови на отворено и да пријават доколку забележат чад или оган.
