Као што известува Центарот за управување со кризи за со состојбата со пожарите до 21:00 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои: 2 се активни, 1 е под контрола и 18 се изгаснати.
Активни пожари има во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, каде гори мешана шума и во општина Македонски Брод – помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина, каде огнот зафати деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Пожарот кај селото Николич, пштина Дојран е ставен под контрола, аогнот зафати нискостеблеста шума.
Изгаснати се околу 18 пожари:
Општина Чучер Сандево 1 – с.Горњани (нискостеблеста шума)
Општина Чучер Сандево 2 – над Црквата Св.Тројца кај с.Чучер (мешана шума)
Општина Гази Баба 1 – Смилковско Езеро (ѓубре)
Општина Гази Баба 2 – с.Раштак према с.Љуботен (ѓубре)
Општина Сарај 1 – с.Љубин (ѓубре)
Општина Сарај 2 – с.Крушопек према с.Лака (ѓубре)
Општина Кисела Вода – бул.Борис Трајковски (градежни материјали)
Општина Битола – населба Баир (ѓубре)
Општина Долнени 1 – с.Црнилиште (депонија)
Општина Долнени 2 – с.Слепче (ниска вегетација)
Општина Кичево – ул.Прилепска (дива депонија)
Општина Струга – с.Враништа (стрниште)
Општина Штип – Лакавички пат (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
Општина Пробиштип – с.Петршино (ниска вегетација)
Општина Куманово 1 – с.Четирце (ниска вегетација)
Општина Куманово 2 – с.Пчиња (нискостеблести растенија и ниска вегетација)
Општина Кратово – с.Туралево (грмушки и ниска вегетација)
Општина Теарце – с.Слатино (ѓубре и ниска вегетација)
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
