Вести Најважни Свет

Војната во Иран ја качува цената на нафтата

Иако далеку од нас, воената игра меѓу Америка, Иран и Израел може да има големо влијание врз светската економија и меѓународната трговија, но и врз цените во Македонија.

Иран, на бомбите врз неговите нуклеарни постројки, одговори со парламентарна одлука за затворање на Ормускиот теснец, морска рута преку која се движи една петина од глобалната трговија на нафта и гас.

„Македонија е 100 проценти увозно зависна од увоз на нафта и нафтени деривати, така што тоа кај нас ќе се пренесе како покачување на цената на нафтата и нафтените деривати на домашниот пазар.  Ќе дојде до зголемување на трошоците на фирмите, не сите еднакви, но кај сите ќе се почувствува, како и на граѓаните“, смета универзитетскиот професор, Ванчо Узунов.

А, цените на нафтата веќе скокнаа за речиси 20 проценти во однос на цената пред првиот израелски напад врз Иран.

Теснецот кај Ормуз се наоѓа на излезот од Арапскиот залив, широк е 33 километри, но има само два километра широчина за пловење на бродови и преку него се одвива најгуст поморски сообраќај во светот.

Но, сега првиот чекор за стопирање на бродовите низ тоа тесно грло е направен, а конечната одлука треба да ја донесе советот на експерти во Иран.

Единствено можно решение е промена и одложување на таа одлука што зависи од Техеран кој е под напад на најголемата светска сила и најголемата регионална сила. Второ решение е зголемување на производство на нафта и гас во другите делови од светот со што би се стабилизирала цената.

Во таа игра на големите светски сили сепак, Македонија нема место на масата за преговори.

„Они може да играат разни работи, меѓутоа Македонија нема да им биде важна ниту половина промил“, додава Узунов.

Војната и нападите врз Иран, покрај проблеми во морскиот сообраќај и трговските линии, предизвикува и проблеми во авионскиот сообраќај.

Поради воздушни удари, авиони со денови не прелетуваат преку територијата на Иран. Без прелети преку Иран, авионските летови на релација од Европа кон крајниот исток и југоисток на Азија и Австралија се подолги поради новите рути, а трошат и повеќе гориво со што и цените на авионските карти ќе бидат поскапи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе