Иницијативата „Support Kocani“ ја исплати првата фактура за компресивна облека во вредност од 923.458 денари, средства целосно обезбедени преку донации од граѓани и компании. Компресивната облека е неопходна за над 50 повредени со изгореници на раце, нозе, лице и грб, кои ја очекуваат за што побрзо опоравување.
Облеката се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Воедно, обезбедени се и средства за втора тура, а експерти од Бугарија ќе дојдат на 16 и 17 јуни за земање мерки и започнување на новата фаза од процесот.
Дел од компаниите кои ја обезбедија оваа облека се согласија и на попуст од 19.600 лева, со што помогнаа помошта да стигне до што повеќе повредени. Ова е уште еден доказ дека со солидарност и заедничка волја може да се направи голема промена. Благодарност до сите кои помогнаа се вели во соопштението.