Вести Македонија

Леопард тенкови ќе „шпартаат“ по Криволак, хеликоптери Апачи и Black Hawk ќе летаат на вежбата Immediate Response 25 со 2170 војници од 9 држави

(ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА) Тенковски вод составен од 4 тешки тенкови Леопард и еден тенк за извлекување ќе учествува на вежбата Immediate Response 25 која од 26-ти мај до 9-ти јуни ќе се одржи на воениот полигон во Криволак, информираа на денешниот брифинг во Генералштабот на АРМ.

Тенковите се тешки над 60 тони и се дел од грчката Армија која е една од деветте национални воени контингенти кои ќе учествуваат на вежбата. Македонскиот контингент е најголем во рамки на вкупниот воен персонал од 2170 војници кои ќе бидат на Криволак на вежбата.

Од Армијата на РСМ ќе учествуваат 950 припадници, а најбројни се припадниците на декларираниот лесно пешадиски батаљон.

-Ова е прв тест на подготвеноста на батаљонот на кој ќе се утврди напредокот и достигнатите цели на обуката на армиската единица која е декларирана за мисии во странство, истакнаа од Генералштабот.

Логистичката база на АРМ е задолжена за подготовката на оваа голема вежба, додека Водухополвниот ВИНГ ќе учествува со еден транспортен хеликоптер МИ 8/17.

Втора по бројност, на вежбата ќе биде застапена Националната гарда на Вермонт од САД која ќе брои 710 припадници на воениот персонал, а на вежбата во Криволак ќе ги употребуваат борбените хеликоптери АPACHE и транспортни медицински хеликоптери Blach Hawk.

На вежбата ќе присуствуваат и припадници на Армиите на Италија, Албанија, Австрија, Велика Британија, Црна Гора и 150 припадници на Косовскиот безбедносни сили.

Вежбата е дел од серијалот вежби Defender 25 кои се реализираат на годишно ниво. Сценариото на Immediate Response 25 е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер одбраната преку реализација на мултинационални боеви пешадиски, воздухопловни и артилерски гаѓања, сајбер вежби, премин преку реката Вардар и вежба на АТОМСКО-биолошко-хемиска одбрана (АБХО).

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе