Кинематографот, Фејми Даути, помина на една недела во бугарската база на Антарктикот, во „Да си кажеме“ рече дека според неговите информации после професорот Угриновски тој е вториот човек од Македонија кој бил на Јужниот пол.
„Причината поради која бев таму беше на покана на бугарските продуценти, Јулија Чалкова и Јулени Декилис, со којишто работевме на овој проект (научен документарен фил), на којшто започнавме да работиме уште пред две ипол години и дојде време да се реализира оваа година“, рече Даути.
Во базата долго време престојува бугарскиот професор геолог Христо Пимпирев, истражувач и научник кој со години го истражува Антарктикот, глечерите, климатските промени…
- „Тој е главната причина за посетата на Антарктикот, а за време на посетата таму експедицијата го прославија и неговиот втор роденден откако е во базата и на тој ден беше отворена и новата лабораторија на базата“, вели Даути.
Тој рече дека таму ги имавле сите услови како да си дома, клима, перална за алишта, перална за садови, па и интернет. Јужниот пол еден од седумте континенти петти по големина, поголем од Европа помал од Русија.
- „Имавме прилика да осетиме на дел од базата остатоци од вулканска лава и прашани кои што се тука пред милиони години кога имало експлозија на вулканот Десепшен и се уште се чувствуваат тие траги“, рече кинематографот, Фејми Даути.
Во „Да си кажеме“ тој раскажува дека температурата била главно околу нула, но од време на време имало многу силен ветар од околу 70 до 100 километри на час.
„Ние бевме на островот Ливингстон, каде имаше одрони од глечери и на површината пловат ледени глечери, а тоа се нарекува ледена супа“, рече меѓу другото Фејми Даути.
Во продолжение можете да го гледате целиот разговор со Фејми Даути