Вести Македонија Топ вести

Само оние кои не ме познаваат можат да поверуваат дека сум се откажал – вели Лукровски кој по два месеци боледување повторно раководи со општина Карпош

Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски по две месеци боледување денеска се врати на работа. Тој објави фотографија од неговиот кабинет во општината со заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски кој ги извршуваше градоначалничките обврски додека Лукровски беше на боледување и со претседавачот на Советот Христо Саракинов.
„Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш“, напиша Лукровски.
Тој вели дека со благодарност и радост се враќа на работното место и ги демантира како што вели шпекулациите дека се повлекува од позицијата.
„Најодговорно сакам да ги демантирам сите шпекулации и лаги врзани за моето име, згрозен сум од начинот со кој што одредени поединци и партии пробаа да дојдат до ефтини политички поени на сметка на мојата состојба. Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал. Сега по божја волја се враќам со нова енергија, со уште поголема посветеност и со јасна цел – да продолжам да работам одговорно, чесно и посветено, во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина“, напиша Лукровски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Општините со албанско мнозинство повеќе не чекаат, тие се градат

Дејан Дејан

Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните – велат од ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Украинските напади врз руската нафтена инфраструктура предизвикаа недостаток на гориво во Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе