Вести Македонија

ВЛЕН: Општините со албанско мнозинство повеќе не чекаат, тие се градат

„Со години наназад, општините со албанско население беа оставени на маргините на инвестициите, додека развојните проекти зависеа од партиски интереси, а не од реалните потреби на граѓаните. Денес, оваа логика се заменува со нов пристап. Благодарение на ангажманот на ВЛЕН во Владата, 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население. Ова не е само бројка. Тоа е доказ дека јавните средства се насочуваат таму каде што има реална потреба за развој, а не таму каде што диктираат политички интереси“, пишува во партиското соопштение на ВЛЕН.

Според партијата, само во изминатите денови, четири општини предводени од ВЛЕН реализираа четири значајни инфраструктурни инвестиции. Во Тетово беше промовирана улицата „Сами Фрашери“, во Желино беше завршен патот Дебрец-Чифлик по повеќе од три децении чекање, во Боговиње започнаа работите на патот Раковец-Боговиње, додека во Дебар продолжуваат инвестициите со улицата „Фуад Дибра“.

„Помина времето на празни политички изјави, ВЛЕН воспостави нов стандард. Денес се мериме со километри изградени патишта, со проекти што започнуваат и се завршуваат, со инвестиции што со години беа блокирани, а денес се реализираат една по една. Ова е стандардот што го постави ВЛЕН: помалку пропаганда, повеќе резултати; помалку оправдувања, повеќе одговорност; помалку зборови, повеќе работа“, велат од ВЛЕН.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните – велат од ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Украинските напади врз руската нафтена инфраструктура предизвикаа недостаток на гориво во Русија

Дејан Дејан

„Мицкоски сака да се врати на факултет? Прво ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе